@iro smetka i Adresa

Naziv:   zdru`enie  EKO SMART
Adresa: Џемал Биједиќ, 60-4 [tip.       Republika Severna Makedonija.
`iro s/ka: 270072939920164                        deponent na Halk Banka
dano~en broj : 4029018521337
тел. бр. 077-875-285
                              

 

Здружението ЕКО СМАРТ е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси, унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, зајакнување на економски развој на територијата на Македонија и пошироко, во согласност со Уставот и Законите. Граѓаните се здружуваат со цел поголема примена на сончевата енергија, енергетска ефикасност, обуки и помош на МСП, примена на едукативна опрема за образованието, изработка на проектна документација, организирање настап на саеми и друго.

Мисија:
Да ја поттикнуваме примената на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност преку едукација, практични демонстрации, развој на иновативни технички решенија и поддршка на локалните заедници, образовните институции и малите и средни претпријатија.

Визија:
Да придонесеме кон создавање на одржливо, енергетски ефикасно и еколошки одговорно општество во кое обновливите извори на енергија и иновациите се достапни и широко применувани во секојдневниот живот.

 Статут на здружението   Завршна пресметка   2025 Наративен извештај за работа на здружението во 2025 год
             
Завршна пресметка 2024     Завршна пресметка 2023       Склучени договори
             

Акт за основање

  Тековна состојба

 

             

Промена на управител и адреса

  Девизна жиро-сметка    

 

Нашето здужение  располага со стручен, мултидисциплинарен тим и долгогодишно практично искуство во областа на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, техничкото образование и развојот на иновативни технички решенија. Иако во периодот 2023–2025 година здужението нема редовно вработен персонал, сите проектни активности успешно се реализираат преку ангажирање на членови на организацијата и надворешни експерти, согласно потребите на проектите. Овој модел овозможува рационално користење на финансиските средства и насочување на најголемиот дел од расположливиот буџет кон реализација на проектните активности.

Здруѓението има седум активни членови со комплементарни професионални профили: двајца дипломирани машински инженери специјализирани за сончева енергија и термоенергетика, еден магистер по машинство со експертиза во развој на сушари за земјоделски производи и презентација на иновативни технологии, еден дипломиран електроинженер и професор во средно техничко училиште, двајца електроничари со искуство во автоматизација, сензорски системи и електрични инсталации, како и еден програмер специјализиран за IoT технологии, cloud платформи и системи за далечински мониторинг.

 Претседателот на здружението Тони Максимовски е дипломиран електроинженер, професор во средно техничко училиште и долгогодишен член на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања (СПАТУ). Поседува бројни национални и меѓународни сертификати од областа на електроенергетиката, енергетската ефикасност, наставата и јавните набавки, како и повеќе признанија за придонес во развојот на иновациите и техничкото образование.

Одговорното лице за спроведување на проекти дипломиран машински инженер Зоран Трајков има повеќе од 30 години професионално искуство во обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и развојот на соларни технологии. Активно спроведува практични обуки за соларни монтажери во рамките на програма поддржана од Светска банка и АД ЕСМ, а има богато искуство во подготовка и имплементација на проекти, работа со образовни институции, локални самоуправи, компании и граѓански организации. Неговите компетенции се потврдени со меѓународно признати сертификати, меѓу кои Solar Expert (Занаетчиска комора Кобленц, Германија), Certified Solar Instructor, Specialist for Sustainable Renovation и Certificate of Achievement for Climate Action, издаден во рамките на програми поддржани од UNDP, USAID, Амбасадата на Шведска и Министерството за животна средина.

 Покрај човечките ресурси, организацијата располага и со сопствена компјутерска и презентациска опрема, софтвер, мерни инструменти и техничка документација потребни за подготовка и реализација на проектни активности. Членовите на организацијата имаат долгогодишно искуство во организирање обуки, јавни презентации, практични демонстрации и промоција на решенија од областа на обновливите извори на енергија, како и во соработка со училишта, локални самоуправи, компании и граѓански организации.

   На 11.12.2025 година, здружението ЕКО СМАРТ потпиша петгодишен Меморандум за соработка со Машинскиот факултет во Штип. Меморандумот предвидува реализација на заеднички едукативни, истражувачки и пилот-проекти, користење на научните, стручните и техничките капацитети на двете институции, како и развој и промоција на иновативни решенија во областа на машинството, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

Благодарение на својата инженерска експертиза, практично искуство, обучувачки капацитети и воспоставена соработка со образовни институции, научната заедница, локалните самоуправи, бизнис секторот и донаторските организации, здружението располага со докажан организациски, технички и експертски капацитет за квалитетна, навремена и транспарентна имплементација на проекти финансирани од домашни и меѓународни донатори.

 

 

     

  Петседател - Тони Максимовски. Електро инженер. Роден 1964

Професор во ЕМУЦ Коле Нехтенин.

Област: Едукација на млади, примена на инвации за соларна енергија во образование.

Хоби: Прошетка во природа. Вежбање за подобра физичка кондиција.

     

  Зоран Трајков - координатор на проекти. Машински инженер.

Хобии - планинарење, пливање, иновации и читање книги
     

  Драган Илиќ,   Завршил Електро факултет Београд . Роден 1988

Област: Електроничар,  сервисер и монтажер на соларни системи за струја и топла вода.

Хоби: Лов на риба

 
     

  Стефан Трајков. Магистер по машинство. Роден 1993

Област: Организација на саеми, примена на соларна енергија во домаќинства и земјоделие.

Хоби: Фудбал, Атлетика.

     

  Кире Маринков, електричар, Роден 1959

Област: Електроника,  соларни системи, сервис на бела техника

Хоби: Иновации

     

  Донче Јорданов. Дипломиран машински инженер.Роден 1948

Пензионер

Област: Проектирање на греење и климатизација, примена на инвации. Претседател на сојуз на иноватори "Кирил Донски" во Штип

Хоби: Шах

     

  Горан Максимовски, завршил Електро факултет Штип.   роден 1994

Област: Програмирање и анализа на бази на податоци.

Хоби: Музика и концерти на оторено.

     
     


тел. 077-875-285 .  Сите права се задржани на ЕКО СМАРТ.