|
Воздушните соларни системи се одлично решение за
спортски хали и затворени базени,
каде што постојат специфични предизвици со загревање, вентилација и контрола на
влага.
Кај спортските сали, главниот проблем е огромниот волумен на воздух кој тешко и
скапо се загрева со класични системи. Воздушниот соларен систем овозможува
догревање на свеж воздух преку користење на сончевата енергија, со што
значително се намалуваат трошоците за греење. Дополнително, во поголемиот дел од
објектите постои слободна јужна фасада – идеална за поставување на колекторите и
максимално искористување на сончевото зрачење.
Важно е да се напомене дека спортските активности не бараат високи температури.
Напротив, за одржување на натпревари и тренинзи, температурата може да биде и
околу 15°C, што го прави овој систем уште поефикасен – тој не мора целосно да ја
загрева салата, туку само да обезбеди пријатни услови и свеж воздух.
Во летниот период, системот може да работи во режим на вентилација и делумно
ладење, внесувајќи свеж надворешен воздух и исфрлајќи го загреаниот внатрешен
воздух.
Кај затворените базени, клучен проблем е високата влажност, која може да доведе
до кондензација, појава на мувла и оштетување на конструкцијата. Воздушниот
соларен систем овозможува континуиран доток на сув, загреан и филтриран воздух,
со што се намалува релативната влажност и се подобрува хигиената на просторот.
Со едноставна инсталација, ниски
трошоци за одржување и можност за работа без електрична енергија (со PV
напојување за вентилатор), воздушните соларни колектори претставуваат енергетски
ефикасно и долгорочно решение за подобрување на условите во спортски и
рекреативни објекти.
| |
|
|
|
|
 |
|
|
 |
|
|
|
|
|
|
|
|
Јужна фасада на погодна за
воздушен сончев систем ( Скопје 2019 год) |
|
|
Внатрешнна страна на јужниот зид
(Спортска сала во Скопје 2019 год ) |
|
|