Општо за сушењето
ЕКО 5,6м2  (82 кг.)
EKO 6.8m2 (100 kг.)
EKO 9.6 m2 (145 kг.)
ЕКО 20м2 (300 кг.)
EKO 40m2  (580 кг.)
ЕКО 60м2  (880 кг.)
ЕКО 100м2 (1470 кг)
Галерија и цени
Од медиуми
Солар за топла вода
Воздушен солар сист.
Соларни монтажери
Контакт и сертификати

 

     Предговор

На Балканот се фрла големо количество на втора класа овошје или зеленчук. За да се намали оваа појава на фрлање на храна,  дизајниравме неколку типови на соларни сушари (хибридни и само на ел.енерија). Кај хибридните сушари најголем дел од енергијата потребна за сушење се добива од сонцето, а остатокот од Фотонапонски сончев систем или од мрежата ЕСМ ЕВН
 

 На сувите плодови им е потребно помалку место за складирање. Сушените овошки и зеленчук лесно се складираат и транспортираа во споредба со конзервираните плодови.При сушењето, тежината и волументо на суровите плодови се намалува (1/4 до 1/9 од свеж продукт).

Во минатото сушењето на плодови се одвивало исклучиво со сушење на сонце (на отворено). Тоа доведува до налепување на прашина на плодовите ако дувне ветер, или инсектите полагаат ларви во плодовите. Со напредокот на технологиите се појавиле и други посовремени методи кои користат различни извори на енергија.

Денес за сушење на обични плодови (прскани со пестициди) сеуште се користат сушари на нафта, дрва, пелети или ТНГ. Потрошувачката на енергија е прилично висока, а има и загадување на околината.Соларните хибридни сушари првенствено се наменети за сушење на органски плодови.

Топол воздух за сушење плодови се произведува од енергија која не загадува. Тоа се:

  1. Воздушни соларни системи,
  2. Tоплински пумпи или
  3. Eл.енергија од фотонапонски соларни системи или мрежата на ЕСМ EVN.

 Мало појаснување за воздушни соларни системи:  Постојат три типа на сончеви колектори:

  1. Сончеви колектори за добивање на топла вода
  2. Сончеви колектори за ел.енергија ( фотонапонски панели)
  3. Сончеви колектори за добивање на топол воздух  (воздушни колектори)

Овде се користат воздушни сончеви колектори кои произведуваат топол воздух. Тој се доставува преку воздуховод до сушарата .  Ако нема сончево зрачење во сушарата има електрични грејачи или топлинска пумпа воздух-воздух (сплит клима уред),  со цел процесот на сушење да продолжи. Циркулацијата на воздухот е со  вентилатори. Тие се контролирани од автоматика

 
Соларната хибридна сушара е направена на тој начин што сушењето е предвидено да започне околу 9 часот. Ако времето е сончево, голем дел од топол воздух ќе се обезбеди од воздушниот сончев систем. Тој дава топол воздух во зимски сончев ден од 9,30 до 14,30 ч., или од 8,30 до 16,30 ч. во пролет и есен. Во летните месеци периодот е поголем, бидејќи и денот е поголем. Температурата на сувиот воздух, добиен од  воздушниот сончев систем варира од 40 до 70 степени, зависно од радијацијата.  За сушара од 300 кг. се предвидени  5 воздушни колектори од 2 м2.. Тоа е апсорбирачка површина од 10 м2. За сушара од 1400 кг. се предвидени 20 воздушни сончеви колектори . Тоа е 40м2 апсорбирачка површина на сончево зрачење.

Доколку нема сончева енергија, воздухот се догрева со ел.грејачи. Ако се работи за голема сушара со капацитет од 1400 кг. препорачливо е инсталирање  фотонапонски сончев систем од најмалку 40 kW  ( ONN GRID систем). Кога има сончева енергија овој систем произведува ел.енергија, дел за сопствени потреби, а вишокот се дава на мрежа од  ЕСМ EVN.  Кога е облачно, се повлекува заштедената ел.енергија од мрежата на ЕСМ EVN.

 

Составните компоненти на една сушара можат да се менуваат според барања на купувачот, до одредени граници. Ако сакате да купите сушара од 800 или 1400 кг. пожелно е да ангажирате проектант за да направи детални пресметки. Ако инвестирате 100.000 евра во индустриски објект, платете му на проектантот да ја испита можноста за инсталирање на PV соларен систем и хибридна сушара со детални пресметки. Тој  прави и димензионирање на  рекуператорот. Напомена, кај поголемите сушари потребен е рекуператор, со цел да се превземе топлината од издувниот влажен воздух и да се предаде на ладниот и сув воздух кој влегува во сушарата.

  • Технологијата на сушењето ја дефинира технолог. Различните продукти (плодови, билки) имаат различни температури и временски процеси на сушење. Ние ја обезбедуваме машината за сушење плодови, а техологијата е обврска на купувачот на сушарата. Сепак, основи информации за сушењето на плодови има во два прирачника:
Превземи прирачник за сушење на зеленчук овде
Превземи прирачник за сушење на овошје    овде

 

 Во суштина, главната цел на процесот е да се отстрани доволно вода од продуктот за да се овозможи негово подолго складирање без гниење заради појава на бактерии или габи. Содржината на влага кај повеќето плодови е од 80% до 95%. Со сушењето се намалува масата и волуменот на прехранбените продукти. Исушената храна може да се конзумира како таква или повторно да се хидрира.

Предноста на сушењето е во намалувањето на активноста на содржаната вода, со што се спречува развојот на микроорганизми, мувла и габи. Така храната подолго може да се чува без да се расипе. Сушењето нуди високо ефективен и практичен начин за зачувување на земјоделските производи, па може да се чека поволна цена и да се регулира снабдувањето на пазарот според побарувачката.

 

  Мали сушари (само на ел.енергија)  

Хибридни сушари ( користат топол воздух од повеќе извори)

Капацитет ( кг)

капацитетот е рачунат на основа на сушење сурова слива или  суров матерјал 0,7 g/cm3

     
50   100 (Линк кон проозводот)
100   200

150

  300
    500
    800
   

1400

 

Појаснување за пресметка на капацитетот на сушарите за овошје и зеленчук:

 
Одредувањето на капацитетот на сушарите за овошје и зеленчук вклучува неколку фактори, вклучувајќи го типот на машината за сушење, видот и количината на производите што треба да се сушат и посакуваниот квалитет на краен производ. Еве општ водич кој ќе ви помогне да го одредите капацитетот:

  Вид на машина за сушење: Постојат различни видови на сушари за овошје и зеленчук. Секој тип има свои спецификации за капацитет и нивоа на ефикасност.

  Количината на овошје и зеленчук што сакате да ги исушите по серија или по единица време. Ова ќе ви помогне да го разберете капацитетот потребен за вашата работа.

  Размислете за физичките димензии и распоредот на опремата за сушење. Погрижете се да се вклопи во вашиот расположлив простор и да може да ја собере саканата количина на производ.Некоја сушара не може да влезе во планираниот простор. Пример- Мала е влезната врата

  Време на сушењеВремето потребно за сушење за различни видови овошје и зеленчук не е исто. Некои може да бараат подолго време на сушење поради поголема содржина на влага или погусти структури.

  Содржина на влага: Земете ја предвид почетната содржина на влага на производот и саканата конечна содржина на влага. Ова ќе влијае на времето на сушење и барањата за капацитет на машината за сушење.

  Проток на воздух и температура: Оценете ги барањата за проток на воздух и температура во процесот на сушење. Правилниот проток на воздух е од суштинско значење за ефикасно сушење, а температурата мора  да се контролира за да се избегне претерано сушење или оштетување на производот.

 Енергетска ефикасност: Земете ја предвид енергетската ефикасност на машината за сушење за да ги минимизирате трошоците за енергија и влијанието врз животната средина. Некои сушари може да имаат поголеми капацитети, но трошат повеќе енергија. Нашите сушари се хибридни. Користат предгревање со сончева енергија ( ако е сончев ден, а потоа догревање со ел.енергија од PV систем или мрежа на ESM EVN)

 Квалитет на производот: Осигурете се дека машината за сушење може да го одржува квалитетот на финалниот производ, вклучувајќи боја, вкус, текстура и хранлива содржина.

Зголемување на големината: Ако очекувате зголемување на вашето производство во иднина, размислете за избор на машина за сушење со капацитет што може да ги прими предвидените зголемувања на обемот на производството.

 Препорачливо е да се консултирате со техолнолози за технологија на сушење. Проектант - да го одреди местото за монтажа на опрема за сушење и соодветен капацитет за вашите специфични потреби и буџет.

Со разгледување на овие фактори, можете да го одредите соодветниот капацитет на сушарите за овошје и зеленчук за ефективно и ефикасно да ги задоволат вашите барања за производство.

        

Поедноставно одредување на капацитет на сушарата

При пресметката на капацитетот на сушарата, рачунаме дека на 1cm3 простор на тацните, се поставува суров матерјал со тежина 0,7 грама/cm3. Оваа  специфична тежина на суров матерјал (0,7g/cm3) е превземена од Србија. Таму најмногу се сушат модри сливи. Тоа значи дека декларираниот капацитет на сушарата е ако се сушат модри сливи.

Ако се суши јаболка, (чипс или парчиња јаболки), кајсии, печурки или чај , тогаш нормално е да се очекува дека капацитетот е помал од декларираниот.

Пример: ако се суши суров чај или лаванда капацитетот не е 100 кг. Суров чај има многу мала тежина, а голем габарит (тој е кабаст).

Затоа, капацитетот на сушарата е релативен поим.

За споредба, сушара со капацитет од 100 кг, може да собере максимум 35 кг. јаболка во тенки парчиња или 20 кг. сурова јаболка (ако се произведува јаболков чипс).

Затоа, со цел да се избегне оваа грешка, првенствено се наведува површината која е достапна за сушење ( вкупна површина на инокс тацни внатре во сушарата на која се реди суровиот матерјал за сушење) , а под неа се додава колку приближно сурови сливи може да се постават на тацните)

 

         Табели за одредување на капацитет на сушарите и нивни габаритни димензии

 

5,2 м2 тацни     (75 kg   сурова слива) број на тацни Ред Ширина на ИНОКС тацни Должина ИНОКС тацна Површина на една тацна Вкупна површина на сите тацни cm2 Висина на суров матерјал кој ќе се реди на тацна         ( cm) Вкупен волумен на суров матерјал     

 (cm3)

Специфична тежина на суров матерјал кој ќе се суши  g/cm3 Пресметан капацитет на сушарата во грами (g) Пресметан капацитет на сушарата во килограми (кg) * Вкупна површина на сите тацни м2
     
   (cm)  ( cm)  (cm2)
 Т N А B P1  (P1=A*B) P=Т*N*P1  H V  (V=P*H) G G1=G*V G1/1000 P1/10000
13 1 50 80 4000 52000 2,1 109200 0,7 76440 76 5,2
                         
        Должина Ширина  Висина   Волумен (м3)      
   Габаритни димензии на сушарата се:                                                                   1,59 0,97 1,4   1,30        
                         
                         
6,8 м2 тацни (100 kg   сурова слива) број на тацни Ред Ширина на ИНОКС тацни Должина ИНОКС тацна Површина на една тацна Вкупна површина на сите тацни cm2 Висина на суров матерјал кој ќе се реди на тацна         ( cm) Вкупен волумен на суров матерјал       (cm3) Специфична тежина на суров матерјал кој ќе се суши  g/cm3 Пресметан капацитет на сушарата во грами (g) Пресметан капацитет на сушарата во килограми (кg) * Вкупна површина на сите тацни м2
     
   (cm)  ( cm)  (cm2)
 Т N А B P1  (P1=A*B) P=Т*N*P1  H V  (V=P*H) G G1=G*V G1/1000 P1/10000
17 1 50 80 4000 68000 2,1 142800 0,7 99960 100 6,8
                         
        Должина Ширина  Висина   Волумен (м3)      
   Габаритни димензии на сушарата се:                                  1,59 0,97 1,87   1,73        
                         
9,6 м2 тацни    (140 kg   сурова слива) број на тацни Ред Ширина на ИНОКС тацни Должина ИНОКС тацна Површина на една тацна Вкупна површина на сите тацни cm2 Висина на суров матерјал кој ќе се реди на тацна         ( cm) Вкупен волумен на суров матерјал       (cm3) Специфична тежина на суров матерјал кој ќе се суши  g/cm3 Пресметан капацитет на сушарата во грами (g) Пресметан капацитет на сушарата во килограми (кg) * Вкупна површина на сите тацни м2
     
   (cm)  ( cm)  (cm2)
 Т N А B P1  (P1=A*B) P=Т*N*P1  H V  (V=P*H) G G1=G*V G1/1000 P1/10000
24 1 50 80 4000 96000 2,1 201600 0,7 141120 141 9,6
                         
        Должина Ширина  Висина   Волумен (м3)      
   Габаритни димензии на сушарата се:                                                                   1 0,96 2   1,15        
                         
                         
20 м2 тацни (290 kg.  сурова слива) број на тацни на една количка Број на колички Ширина на ИНОКС тацни Должина ИНОКС тацна Површина на една тацна Вкупна површина на сите тацни cm2 Висина на суров матерјал кој ќе се реди на тацна         ( cm) Вкупен волумен на суров матерјал       (cm3) Специфична тежина на суров матерјал кој ќе се суши  g/cm3 Пресметан капацитет на сушарата во грами (g) Пресметан капацитет на сушарата во килограми (кg) * Вкупна површина на сите тацни м2
     
   (cm)  ( cm)  (cm2)
 Т N А B P1  (P1=A*B) P=Т*N*P1  H V  (V=P*H) G G1=G*V G1/1000 P1/10000
25 2 50 80 4000 200000 2,1 420000 0,7 294000 294 20,0
                         
        Должина Ширина  Висина   Волумен (м3)      
   Габаритни димензии на сушарата 300 кг се:                                                                   2,06 1,12 2,1   4,85        
                         
                         
40 м2 тацни (580 kg.  сурова слива) број на тацни на една количка Број на колички Ширина на ИНОКС тацни Должина ИНОКС тацна Површина на една тацна Вкупна површина на сите тацни cm2 Висина на суров матерјал кој ќе се реди на тацна         ( cm) Вкупен волумен на суров матерјал       (cm3) Специфична тежина на суров матерјал кој ќе се суши  g/cm3 Пресметан капацитет на сушарата во грами (g) Пресметан капацитет на сушарата во килограми (кg) * Вкупна површина на сите тацни м2
     
   (cm)  ( cm)  (cm2)
 Т N А B P1  (P1=A*B) P=Т*N*P1  H V  (V=P*H) G G1=G*V G1/1000 P1/10000
25 4 50 80 4000 400000 2,1 840000 0,7 588000 588 40,0
        Должина Ширина  Висина   Волумен (м3)      
   Габаритни димензии на сушара 500 кг се:                                                                   3 2 2   12,00        
                         
                         
60 м2 тацни (880 kg.  сурова слива) број на тацни на една количка Број на колички Ширина на ИНОКС тацни Должина ИНОКС тацна Површина на тацна Вкупна површина на сите тацни cm2 Висина на суров матерјал кој ќе се става на тацна      ( cm) Вкупен волумен на суров матерјал       (cm3) Специфична тежина g/cm3 Пресметан капацитет на сушарата во грами (g) Пресметан капацитет на сушарата во килограми (кg) * Вкупна површина на сите тацни м2
     
   (cm)  ( cm)  (cm2)
 Т N А B P1  (P1=A*B) P=Т*N*P1  H V  (V=P*H) G G1=G*V G1/1000 P1/10000
25 6 50 80 4000 600000 2,1 1260000 0,7 882000 882 60,0
        Должина Ширина  Висина   Волумен (м3)      
   Габаритни димензии на сушара 500 кг се:                                                                   3 2 2   12,00        
                         
                         
100 м2 тацни (1470 kg.  сурова слива) број на тацни на една количка бр. на колички Ширина на ИНОКС тацни Должина ИНОКС тацна Површина на тацна Вкупна површина на сите тацни cm2 Висина на суров матерјал кој ќе се става на тацна      ( cm) Вкупен волумен на суров матерјал       (cm3) Специфична тежина g/cm3 Пресметан капацитет на сушарата во грами (g) Пресметан капацитет на сушарата во килограми (кg) * Вкупна површина на сите тацни м2
     
   (cm)  ( cm)  (cm2)
 Т N А B P1  (P1=A*B) P=Т*N*P1  H V  (V=P*H) G G1=G*V G1/1000 P1/10000
25 10 50 80 4000 1000000 2,1 2100000 0,7 1470000 1470 100,0
                         
        Должина Ширина  Висина   Волумен (м3)      
   Габаритни димензии на сушара 1400 кг се:                                                                   4 2,5 2,2   22,00        

 


Поим и цел на сушење

Сушењето овошје, зеленчук и лековити билки е технолошки процес со кој се отстранува најголемиот дел од водата од овие земјоделски производи, со цел да се овозможи нивно долгорочно складирање на собна температура. Микробиолошката активност и другите биолошки процеси, кои предизвикуваат нивно расипување, значително се забавуваат кај сувите производи. Важно е да се нагласи дека за разлика од некои други методи за зачувување на храната, на сувите производи не се додаваат хемиски агенси, па затоа сувите производи се сметаат за здрава храна.

Економски ефекти од сушењето

Поради нестабилните услови на пазарот за земјоделски производи, често производителите се принудени да ги продаваат по многу ниска цена. Причината за тоа е што по созревањето, повеќето земјоделски производи можат да се чуваат во околните услови само за краток временски период, по што доаѓа до биолошка деградација.
За разлика од свежото овошје и зеленчук, кои мора веднаш да се продаваат, сувите производи може да се складираат и продаваат кога пазарните услови се најповолни. Дополнително, висока е цената на сувото овошје, зеленчукот и лековитите билки, што дава можност за добра заработка. Бидејќи оваа цена е висока насекаде низ светот, сувите производи претставуваат многу ветувачки извозен производ. Релативното еколошко зачувување на нашата природа е особено важно, поради сегашниот тренд на консумирање на незагадена и здрава храна.

Предности на сувото овошје и зеленчук:

  • Продолжен рок на траење:
  • Сушењето ја отстранува содржината на влага од овошјето и зеленчукот, спречувајќи го растот на микроорганизмите и значително го продолжува нивниот рок на траење.
  • Концентрирани хранливи материи: Сушењето ги концентрира хранливите материи присутни во овошјето и зеленчукот, обезбедувајќи компактна и хранлива опција за храна.
  • Преносливост:Сувото овошје и зеленчук се лесни и компактни, што ги прави погодни за ужина во движење, пешачење, кампување и патување.
  • Намалено расипување: Сушењето ја намалува активноста на водата во храната, минимизирајќи го ризикот од расипување и ја намалува потребата од конзерванси.
  • Достапност во текот на целата година: Сувото овошје и зеленчук може да се ужива во текот на целата година, без оглед на сезонската достапност. Ова е особено корисно за поединци кои бараат постојано снабдување со специфични овошја или зеленчук.
  • Разновидност во готвењето:Сувото овошје и зеленчук се разновидни состојки кои можат да се користат во широк спектар на кулинарски апликации, од печење до готвење и украсување.
  • Рентабилно: Сувото овошје и зеленчук може да бидат исплатлива опција, особено кога одредени свежи производи се надвор од сезоната или се скапи.
    Минимизирани барања за складирање:

    Во споредба со свежите производи, сувото овошје и зеленчук бараат помалку простор за складирање, што ги прави практичен избор за домаќинствата со ограничен капацитет за складирање.
    Додека сувото овошје и зеленчук нудат бројни предности, од суштинско значење е да се консумираат умерено и да се внимава на додадените шеќери или конзерванси кои може да се присутни во некои комерцијални производи. Дополнително, да се остане хидриран е од клучно значење кога уживате во сушено овошје, бидејќи тие можат да бидат релативно богати со природни шеќери и може да придонесат за концентриран внес на калории.



Примери за употреба на сушено овошје, зеленчук и билки

Речиси сите видови на овошје, зеленчук и билки може да се сушат и да се користат во сушена состојба. Примерите за употреба се безброј, а може да се наведат некои карактеристични примери:

Сушено овошје (сливи, јаболка, круши, кајсии, праски, вишни, вишни, смокви, грозје и др.)

Може да се конзумира директно или во форма на компот, смути или шејкови. Се користи и во пекарската и кондиторската индустрија како додаток на десерти и печива, потоа за производство на мусли, овошни чаеви, како додаток на сладолед, овошни салати, чоколади итн. Сувото овошје и јаткастите плодови се основни состојки во крекертите, како енергетска закуска за планинарите,.
 

Сушен зеленчук

Се користи во прехранбената, месната и пекарската индустрија, поголемите кујни и домаќинствата. Во производството на конзервирана храна, готови јадења, пици, супи, сосови, месни производи, додатоци за храна (Вегета, Фант,  супа и др.) се користи сушен: морков, пиперка, лук, кромид, магдонос, корен и лисја од целер и пашканат, праз, зелка, кељ, аспарагус, компири, грав, грашок, боранија, краставица, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, печурки, рен, цвекло, келераби, домати и други видови.
 

Сушени билки (сув босилек,сув ловоров лист, мајчина душица или нане,  оригано, ким, анасон, копар, коријандер, марихуана, и др.)

Поради големите потреби на фармацевтската, прехранбената и козметичката индустрија, значителен дел од овие билки се одгледуваат на плантажи. Без разлика на неговото потекло, по бербата или косењето, мора да се исуши што е можно поскоро, бидејќи само така најдобро ќе се зачуваат есенцијалните масла, витамините, минералите и другите корисни материи. Се користи за производство на чаеви и есенцијални масла кои се користат во фармацевтската и козметичката индустрија.
Најзначајни видови, покрај веќе наведените во групата билки, се: нане, камилица, маточина, равнец, калинка, ангелика, жалфија, острица, лаванда, одолен, милодух, кантарион и други видови.

 

Покрај ова , сушарите се наменети и за Сушење на јуфка, сушење на крекери и друго