• Drying agricultural products
  • Air solar collectors
  • Installation hybrid photovoltaic systems
 
  • Сушење на земјоделски производи
  • Воздушни соларни колектори
  • Монтажа хибридни фотонапонски системи
 

Сушење плодови
Каков капацитет
Сушара 100 кг.
Сушара 200 кг.
Сушара 300 кг
Сушара 900 кг.
Сушара 1200 кг.
Техничко упатство
Галерија
Од медиумите
За нас
Соработка со ФИТР

 

 

 

 

 

   Предговор

Сушење или дехидрација, е еден од најстарите начини за конзервирање на земјоделските плодови. Тоа е процес за издвојување на одредена количина на вода од свежите плодови, како би се овозможило негово долготрајно чување во природни услови без расипување.  Со дехидрација (одземање на влага), се намалуваат активностите на микроорганизмите во плодовите.   Сувата храна од сопствено производство е само уште една форма на свежа храна, без хемиски конзерванси.  Една од предностите која ја има сушењето на зеленчуковите  плодови во однос на другите начини на конзервирање, е тоа што дехидрираните производи можат повторно да се хидрираат и употребуваат како свежи, без намалување на квалитетот. Сушените производи се полесни за магационирање, пакување и транспорт.

Примена на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

Нашата фирма за цел што поголема примена на обновливи извори на енергија во земјоделието. Во пресметките и динезионирањето ан сушарата беа клучени повеќе експерти од оваа област. Основни параметри за сушење се: Температура, Релативната влажност на воздухот, време на сушење и брзина на струење на воздухот за сушење.

Дигитализација

Нашата фирма допоплнително вградува во поголемите сушари Wi-Fi уреди за следење на потрошувачката на енергија и Wi-Fi дата логери за следење на релативната влажност и температура. Клиентот од дома, преку андорид платформа може да го следи процесот на сушење.

 

 Правила за сушење на зеленчук и овошје

Технолошкиот процес за сушење на зеленчук  опфаќа две основни фази: подготовка на производот за сушење и постапката за сушење и контрола на квалитетот на сувиот производ (процент на влага во него).

Подготовка пред сушење: Плодовите да не се гмечат. По бербата, транспортот треба да се изврши што побрзо за да не дојде до расипување. Примарната обработка на овошјето вклучува миење, контрола, сечење и класирање. Секоја култура има посебен начин на подготовка. Плодовите кои се сушат, мора :

  • Да се здрави, свежи и во фаза на технолошка зрелост;

  • Да нема стран мирис и вкус;

  • Да се без примеси од средствата за заштита на растенијата над максимално дозволени количини.

  • Пред сушењето, кај некои плодови мора да се отстранат рачките и семето

  • Плодовите наменети за сушење никогаш не треба да се редат еден врз друг плод, туку еден покрај друг
     

     Препорачлива технологија за сушење на одредени видови овошје.

Напомена: Секој производител самиот ја одредува технологијата на сушење во зависност од плодот и барањата на  пазарот или крајниот купувач. Консултрајте се со технолог околу ова!  Доста важен детаљ е и начинот на пакување на сушен производ.

Слива:Почетната температура за сушење од 75С, а крајната од 60 до 65С. Сушењето трае од 16-18 часа. Исушената слива треба да содржи 22 до 26% влага, од  што ќе зависи начинот на понатамошната обработка. Пред внесување во складиште, сливите да се изладени.

Јаболки Температура на сушење треба да е помеѓу 30 и 70 C. Предолгото сушење на ниска температура може да се створи мувлa. Јаболките, не треба да се сушат ни пребрзо на висока температура, бидејќи сувото овошје ќе биде помалку вкусно. Времето на сушење зависи од температурата на воздухот и количината на вода јаболките. Најчесто, времето на сушење на температура 50-60C е 68 часа

Кајсија. Подготовка: Сулфурирањето се одвива со согорување чист сулфур. Oва треба да го спречи потемнувањето на овошјето. Тоа трае од 2-3 часа. Потребна количина е 2,3 kg сулфур за 1000 kg овошје. Потопување во раствор од сахароза може да варира од 70-85% Температура на сушење од 45-55С. Времетраење од 18-24 часа.

Гројзе. За сушење на грозје претежно се користат бели бессемени сорти, но може успешно да се сушат и обоени сорти. Бессемените сорти се Султанија, Султанина и нова Белградска бесемена сорта. Сушењето е од 50 до 70 С, времетраење 15 - 17 часа. Грозјето се суши до содржина на вода од 10- 15%

Смоква. Температура на сушење е 45-50С, времетраење од 30-40 часа, или 65-75 С со времетраење на сушење околу 5 часа (зависи од типот на сушницата). Содржината на водата во сувата смоква од 12-22%. Сувата смоква треба да се чува на 10С во услови со добро проветрување

Аронија. Сушењето е во времетраење од 66 часа, се одвива на температура од 45˚С до содржина на влага во производот 10%. Основниот аспект во процесот на сушење е поврзан со количината на водата во плодот.

Технологијата е добиена од Универзитет Гоце Делчев Штип. Погоре е дадена само скратена и општа верзија за сушење на овошје.

 

Препорачлива технологија за сушење на одредени видови зеленчук.

Напомена: Секој производител самиот ја одредува технологијата на сушење во зависност од плодот и барањата на  пазарот или крајниот купувач. Консултрајте се со технолог околу ова!  Доста важен детаљ е и начинот на пакување на сушен производ.

Домат: Температурата за сушењe на почетокот е 65-70 С, а на крајот од процесот не треба да биде над 45 С. Процесот на сушење трае 6-7 часа. Содржината на влага во сув производ не треба да надминува 4-5%. После сушењето се прави контрола на производот, истата се врши рачно со цел да се отстранат парчињата кои не се совпаѓаат по боја, темни или оштетени. Поради хигроскопноста, веднаш да се пакува во херметичка амбалажа.

Кромид: Сушењето се спроведува со почетна температура од околу 70С. Температурата треба постепено да се намалува (опаѓа), така да во завршната фаза треба да биде околу 55С. Сушењето е во времетраење од 3,5-5,5 часа, а содржината на влагата во сувиот производ треба да биде 8%.

Праз. Должината на празот изнесува 30- 40 cm, а пречникот 3-5 cm, зависно од сортата. Белиот дел од стеблото се сече на парчиња со дебелина од 5-7 mm, зелено белиот дел на 6-8 mm, а листовите на парчиња со дебелина од 8-10 mm. Сушењето e на температура од 70С во почетокот, а при крај на околу 50С.

Морков. Подготовка: Сечење на морковите на кругови (дебелина 3mm) или коцки (10х10х10mm). Температурата на воздухот за сушење на почетокот на процесот е 71С во текот на 7 часа, а потоа следните седум часа се намалува на 60С. Toj се суши со почетнa 95% и крајнa 3,5-4,5% влажност.

Печурки: Температурата во првите четири часа треба да биде 43 С, а потоа се зголемува 75 С во времетраење од 1 час. За тоа време влажноста се намалува од 87% на 3%. Финалниот производ за да има добар вкус и боја сувите печурки не треба да се бланшираат, туку веднаш по сушењето се пакуваат во херметички затворена амбалажа

Пиперка: Почетната температура не смее да биде над 75С, а во подоцната фаза 55С до 60С. Содржината на влагата во сувиот производ не смее да биде над 9%, Сувата пиперка треба да има изедначена црвена боја и изглед.

 

Технологијата е добиена од Универзитет Гоце Делчев Штип. Погоре е дадена само скратена и општа верзија за сушење на овошје.

 Особините кои влијаат на квалитетот на финалниот сув производ се следни:

  • Структурни особини: Густина, порозност, големина на порите, специфична зафатнина

  • Оптички особини: Боја, изглед

  • Механички особини: Отпорност на притисок и истегнување

  • Термички својства: Стаклена, кристална или гумена состојба на производот

  • Чулни особини: Мирис, вкус и арома; Нутритивни својства: Витамини, протеини

  • Рехидрациони особини: Рехидратација, капацитет на рехидратација

  • Карактеристиките на квалитетот се поврзани со температурата на сушење и протокот на воздух
       

Напомена : Производителот го задржува правото на промени, без претходна најава.

Last revision 21-Mar-22