• Drying agricultural products
  • Air solar collectors
  • Installation hybrid photovoltaic systems
 
  • Сушење на земјоделски производи
  • Воздушни соларни колектори
  • Монтажа хибридни фотонапонски системи
 

Сушење плодови
Каков капацитет
Сушара 100 кг.
Сушара 200 кг.
Сушара 300 кг
Сушара 900 кг.
Сушара 1200 кг.
Техничко упатство
Галерија
Од медиумите
За нас
Соработка со ФИТР

 

 

 

 

 

Во соработка со Универзитет Гоце Делчев од Штип и Фонд за иновации и технолошки развој, согласно со повикот за иновациски ваучери, изработен е нов софтвер во програм LEDER за PLC контролер кај сушара за овошје и зеленчук

Со овој проект е развиен софтвер во програм “LEDER”, кој  е инсталиран во PLC контролер. Во  него можат да се постават препорачани параметри за сушење (температура, релативна влажност, проток на воздух и време на сушење) за одредена култура. Корисникот ќе може да прави сопствени фини подесувања. Тој ќе биде вграден во земјоделски сушници за овошје и зеленчук. Досегашните контролери се составени од  различни електрични елементи како: PWM регулатор на вртежи на вентилаторите, 1-0 прекинувачи, временско реле,  контолер за релативна влажност и температура и други составни делови. Главна цел е да го подобриме работењето на земјоделски сушници и да добиеме нумерички податоци за процесот на сушење преку Wi-Fi.

Зголемување на ефикасност на нашата компанија

Со новиот софтвер, нашето претпријатие ќе биде поефикасно на пазарот. Ќе настапиме со нов подобрен производ.

 

Економско влијание

Сушницата ќе има пониска цена на пазарот и подобар квалитет со новиот контролер. Командите на контролниот панел ќе бидат на Македонски јазик. Ако сушницата е наменета за пазар во Грција, Бугарија или Србија, софверски ќе ги смениме имињата на главните параметри и називи на плодови на нивниот јазик.  

На контролниот панел ќе има само одштампано само општи симболи. Например: Ако клиентот притисне копче F1, тогаш контолерот  ќе  влезе во фабрички подесени параметри за сушење на органски сливи. Сушењето на земјоделски продукти ќе биде поефтино. Овие сушници користат сончева енергија и електр. енергија од  ЕСМ/EVN (clean technology).

 

Општествено влијание

Земјоделците ќе можат дел од реколтата сами да ја исушат и повторно да ја пласираат на пазарот. Ќе се зголеми вработувањето во секторот мали и средни претпријатија од земјоделие, прехрамбена и преработувачка индустрија. Сушењето се применува и кај кондиторски производи, чаеви и шумски плодови, печурки и друго.

Нема загадување во околината од работата на сушницата .  Нема да се фрлаат непродадените земјоделски плодови. Ќе се зголеми производството на храна за потребите на нашата држава и за извоз.

 

 

  Фотографија бр 1- Почетно подесување на контролерот
     
     
  Фотографија бр 2 -  Избор на рачен режим на работа или ватоматски
     
 

Фотографија бр 3,- Подесување на работа на грејачите и вентилаторите за издув (МВ се моментални вредности измерени од сондите во сушарата, ЗД се зададени врености)

 

     

 

Напомена : Производителот го задржува правото на промени, без претходна најава.

Last revision 21-Mar-22